Голема е веројатноста некои 30 години од сега кога ќе го пуштите компјутерот или телевизорот енергијата за негова работа да не доаѓа од термоцентрала на јаглен или мазут. Барем тоа е нешто кое можи да се кажи за земјите кои што планираат да инвестираат во обновливи извори на енергија. За жал Македонија нема такви планови и затоа овој текст е посветен на оние земји кои имаат такви планови и кои својот иден економски развој го базираат на изградбата на вакви постројки. Во продолжение листа на земји и дел од нивните планови
– Данска
Данска е можеби една од најамициозните земји кога станува збор за планови за обновливиизвори на енергија. Според нејзините официјални планови тие планираат до 2020 година половината од нејзините потреби да се покриваат од ветерна енергија додека до 2050 100% од нејзините енергетски потреби да се покриваат од обновливи извори на енергија. Во меѓувреме тие планираат до 2030 година да ги затворат сите централи на јаглен кои се користат за загревање на домови и да се заменат со топлани кои ќе работат на биомаса.
– Австралија
Австралија е една од земјите која е најмногу на удар од климатските промени. Како резултат на предупредувањата кои се дојдени од голем број на климатолози Австралиските власти се решени да вложат значајни средства во чисти извори на енергија. Според она што го имаат како план нивните намери се да инвестираат повеќе од 20 милијарди долари .
– Германија
Во моментот Германија е земјата која има вложено најмногу како во обновливи извори на енергија така и во производство и развој на технологија за обновливи извори на енергија. Нивните планови се производство на 35% енергија од обновливи извори на енергија до 2020 и 80% до 2050 година.
– Шпанија
Шпанија своите вложувања ги има насочено кон сончева и ветерна енергија. Според нивните официјални планови тие планираат да произведуваат околу 22% од нивните вкупни потреби на енергија во 2020 година.
– Исланд
Исланд е една од најразвиените земји во искористување на обновливите извори на енергија. Околу 81% од произведената електрична енергијата на Исланд доаѓа од обновливи извори на енергија. Од тоа околу 70% доаѓа од хидро енергија додека остатокот е од геотермална енергија која е главно гориво за греење. Повеќе од 80% од сите згради и објекти се загреваат со помош на топлата вода и пареа која доаѓа од геотермални извори.