Протокот на воздух низ ладната цевка како би се снижила температурата во просторијата денес е основа на климатизацијатаи со мали измени на истиот систем се користи и за фижидери. Најголем напредок во системот за ладење, заедно со промената на електриката во 90-тите години од минатиот век, од кога клима уредите станаа далеку посигурни, дојде во 2000 година ,и тоа со појавата на инвертер компресори. Денес овај тип на клима уреди е најефикасен , јавноста се повеќе се запознава со предностите на инвертерот, иако транзицијата веројатно ќе потрае подолго време, бидејќи во светот сепак најпродавани се ефтините клима уреди, кој барем засега не содржат копресор со инвертер.
Стандардните клима уреди константно работат под полн капацитет и не ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, додека за ралика од нив инвертерот ги намалува бројот на вртежите во компресорот и во надворешниот вентилатор, и како што се доближува до саканата температура тие се помалку работат односно им се намалува бројот на вртежи. Токму поради тоа стандардните клима уреди трошат константно иста количина на електрична енергија додека инвертер климите имаат многу помала потрошувачка.
Се што ви е потребно е електрична енергија која ги стартува компресорот и вентилаторите, а климата се исклучува кога ќе ја достигне посакуваната температура.
Намалената потрошувачка на електрична енергија не е единствена предност на инверторот во одност на стандардниот клима уред. Покрај тоа инверторот може да функционира на многу ниски температури односно до – 15 степени што ги прави прилагодливи да се користат како грејно тело во текот на целата зима. Кај стандардните клима уреди минималната работна температура е до – 5 степени, под таа температура климатизерите губат на своите перформанси и престануваат да работат.