Германија е се поблиску до зацртаната целта да ја премини границата од 20% на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Но покрај успешната реализација на оваа целта, медиумите го потенцираат фактот дека изградбата на нови ветерни генератори и сончеви централи имаат висока цена. Од друга страна обновливите извори на енергија се популарни кај населението кој што се повеќе и повеќе ги користат. Она што се наметнува како прашање е како овие видови на енергија, кој што чинат многу пари, се популарни кај граѓаните? Се работи за трошоци а не за цена.
Имено, како што рековме, медиумите се фокусираат на скапите инвестиции во изградба на централи кој што ги користат обновливите извори на енергија. Од друга страна медиумите не го публикуваат фактот дека просечната месечна сметка за електрична енергија во Германија изнесува околу 100 американски долари – исто како и во С.А.Д. Германците поефикасно ја трошат електричната енергија, па можат да си дозволат да си трошат поскапа електрична енергија.
Не се работи само за поединечна желба на германската влада туку за обврска која што е подржана од страна на 84% од германските граѓани да се достигне целта од 100% произведена енергија од обновливи извори на енергија. Во С.А.Д. постои неколку држави кој што имаат енергетска визија, но кој што и покрај тоа што имаат висок степен на користење на електрична енергија, не можат да ги користат оние обновливи извори на енергија кој што коштаат повеќе од конвенционални извори на енергија.
Искористување на обновливи извори на енергија во Германија има уште еден аспект – сопственост. Голем број на Германци инвестираат во обновливи извори на енергија и на таков начин обезбедуваат дополнителни извори на приходи. Пола од инсталираните 63 GW на ветерни генератори и фотонапонски системи е во сопственост на физички лица, кој што се здружени во енергетски задруги
Можеби во јавноста се стекна впечаток дека Германија инвестира во обновливи по секоја цена, но оваа перцепција се јавува доколку се сé гледа низ призма на потрошувач. Но на ваков начин потрошувачот во исто време станува и производител на електрична енергија и на ваков начин директно учествуваат во креирање на енергетската иднина.
Извор: obnovljivi.com