Во последните 20-тина години светото доживеа драстична промена на совеста во однос на нашето видување на околината. Во претходните години, индустријата и големите корпорации гледаа на околината како на нешто што треба да се искористи, со цел да се зголеми заработувачката. Меѓутоа, во последните 20 години, движењата за околината се бореа да го просветлат светот за огромната важност на чувањето на околината. Може да се каже дека грижата за околината денес е дури и модерна, па така, имаме „зелени“ автомобили, „зелена“ храна и „зелени“ градби. Покрај големиот број на производи кои денес се произведуваат со обзири спрема околината, едно од најголемите проблеми кај кои има напредок се горивата.
Горивата се неразделив дел од човековото постоење. Користиме енергија за загревање и ладење на нашите домови, придвижување на нашите возила, осветлување на нашите живеалишта… Развивањето на алтернативна енергија буквално експлодира во последниве 20 години. Во моментов, изгледа како да сме во трка со времето. Физичари, инженери и претприемачи од целиот свет деноноќно трагаат по алтернативното гориво на иднината. Самиот развој и истражување на алтернативните извори претставува бизнис вреден милијарди, а откривањето и воспоставувањето на постојан алтернативен извор на енергија од многу експерти се смета за едно од најважните прашања на векот што следи.
Еден од таквите извори кој моментално се истражува е добивање на гориво од алги.
Маслото од алги често се смета за обично ѓубре од мочуриштата, без некоја особена вредност. Меѓутоа, научниците уште пред неколку децении открија дека алгите, всушност, содржат големи количини на масло во себе кое може да послужи како голем извор на гориво. Од 1970-тите до 90-тите, владата на САД потроши милиони долари истражувајќи ги можностите на маслото од алги но, активностите беа запрени кога стана јасно дека трошоците за производство на големи количини на масло од алги едноставно не се економски оправдани. Меѓуоа, новите технолошки напредоци во 21 век го вратија интересот за алгите.
Предности на маслото од алги
Научниците докажаа дека 50% од вкупната тежина на алгите е всушност чисто масло, и експертите пресметаа дека можат да произведат околу 700 000 l масло од алги годишно, по хектар. За споредба, од пченка може да се произведат 250 l, а од соја околу 450 l годишно, по хектар. Овие бројки се неверојатни! Ваквите показатели им влеваат надеж на научниците и ентузијастите во поглед на алгите како енергетски извор.
Заради неверојатно високиот принос на масло од алгите, тоа брзо се најде на врвот на листата на енергетски извори засновани на растенија. Високотехнолошки постројки веќе одгледуваат алги вертикално во складишта, и ова веќе ги менува можностите. Маслото кое се произведува, на пример, од пченка, е ограничено од големината на земјиштето што може да го зафати пченката. Можностите со производство на масло од алги се многу поголеми, ако може да се одгледуваат вертикално. Ова значи дека многу поголема количина на масло може да се произведува на многу помала површина, а тоа е основен елемент во развојот на еден алтернативен извор на енергија.
Недостатоци
Две главни работи предизвикуваатт загриженост при производството на масло од алги. Првата е дека потребно е големо количество на CO2. Една од идеите за решавање на ова е изградба на постројките за алги во близина на термоцентрали на јаглен или нуклеарни централи и некако да се собира CO2 од тие централи да се доведе до алгите. Проблемот е што таквата технологија е многу скапа. Моментално се работи на развој на евтини алтернативи.
Втората голема загриженост е тоа што производството на масло од алги сѐ уште се се смета за економски одржливо. Цената за производство на гориво на овој начин е сѐ уште висока, а намалувањето на трошоците во голема мера зависи од идните технолошки напредоци. Така, и покрај тоа што има голем потенцијал да стане силен извор на енергија, најверојатно ќе поминат уште неколку години додека да си дојдат работите на свое место и да го видиме на улица првиот „автомобил на алги“.