Пред околу еден месец кога го правевме чистењето на станот најдов едни стари магазини кој што мајками ги купуваше поради традиционалните рецепти кој што се објавуваа во тој магазин. Имено се работи за магазин „Село“ кој што беше објавуван од новинската куќа „Политика“ од Белград. Магазинот, како што и самото име вели се занимаваше со земјоделство, исто како и интернет порталот „Агроалтернатива“. Она што за мене беше интересно е што во магазинот најдов серија на текстови посветени на искористување на биогасот. Текстовите ги пишуваше дипломираниот инженер Мирсад Ѓулбиќ. Во наредните неколку постови ќе Ви ги пренесам натписите кој што се напишани во далечната 1988/89 година а објавени во магазинот „Село“.
Магазинот во кој што беше објавен првиот воведен дел за искористување на биогасот за жал го немам, но ги имам трите броја во кој што се опишани дигесторите и начинот на користење на истите. За почеток почнуваме со описот на различни видови на дигестори.
Видови на дигестори
Основната подела на дигесторите е според начинот на нивното полнење – на континуирани и дисконтинуирани дигестори. Континуираните дигестори се полнат секој ден, еднаш или повеќе пати, а се во зависност од количеството и приливот на материјата (отпадот/суровината). Дисконтинуираните дигестори се полнат еднаш на секои 20 до 45 дена. Кај континуираните дигестори во исто време се одвиваат сите три фази на врењето и на ваков начин имаме континуирано производство на биогас.
Понатамошни подели на дигестори е според материјалот од кој што се изградени, начинот на нивното поставување, според нивните конструктивни решенија итн. Па така имаме хоризонтални или вертикални, оние кој што се вкопани во земја или надземни, бетонски, челични, пластични, индустриски, со греење или без греење, комбинирани и слично. Дигесторите кој што немаат вградено греење се наједноставни за изградба и имаат едноставна конструкција. Можат да се користат исклучиво во потоплиот период на годината. Кај нас во Југославија можат да се користат во оние региони кај што просечната дневна температура не паѓа под 8 степени Целзиусови.
Наједноставните дигестори кој што немаат вграден грејач, најмногу се користат во Кина и во Индија. Во Европа, овие дигестори се изработуваат само за потреби на малите селски домаќинства и викендички, каде што дигесторите пред се сè користат за добивање на квалитетно биоѓубриво.
Дигестор од две бачви
Најевтини и наједноставни дигестори за правење е прикажана на следната слика:
Овој дигестор се изработен од две стари бачви или слични садови без разлика дали се изработени од пластика или од метал. Овие садови се прилагодуваат за да се постават како на сликата – значи долниот сад мора да биде поширок и поставена на 50 цм од земјата. На овој сад се поставува дел за влез на биомасата и дел за одлив на биомасата. На овој дел обично се поставува славина со која што се регулира одливот на биомасата. Садот кој што има помал обем се поставува на поширокиот сад, со тоа што дното иди на горе додека отворот иде на долу. Улогата на овој сад е да го собира биогасот. За излез на произведениот биогас се поставува посебна цевка како што е прикажано на сликата.
Овие наједноставните дигестори имаат волумен од околу 200 литри максимум до 300 литри. Како најчесто се користат садови во кој што се држеа технички масла обично ќе најдете садови со волумен од 200 литри. Од зависност од материјалот кој што ќе го користите за производстов на биогас, дневното производство на оваа гориво изнесува помеѓу 0,2 до 0,4 m3 што е доволно за готвење. Еден m3 на биогас развива топлотна моќност од околу 6 kW.
Индиски дигестор
Други поедноставни дигестори доаѓаат од Индија. Неговиот опис е прикажан на следната слика:
Овие дигестори немаат грејачи, се користи само во потоплиот дел на годината, лесен е за изградба, се изработува од армиран бетон. Основниот дел на дигесторот е сад кој што е преграден на средина. Преградата може да биде бетонска, лим или пак од пластика. За подобра топлинска изолација бетонскиот сад може да биде опкружен со тула и потоа добро да се обложи со катран за да се спречи продорот на влагата. Цевките за одлив и прилив на биомасата. Цевките можат да бидат бетонски, пластични или метални.
Подвижната купола се изработува од метален лим или од пластика. За оваа намена можат да си искористат стари бачви, канистери и слични садови. За да оваа купола не испадне од лежиштето се поставува ограничување слично како и кај претходните мини дигестори. Пожелно и потребен притисок на биогасот во дигесторот се постигнува со додавање на дополнителни баласти кој што се ставаат на подвижната купола. Надпритисокот не треба да биде поголем од 40 милибари.
Волуменот на овие дигестори се движи од 6 до 25 метри кубни. Однос помеѓу длабочината и пречникот на дигесторот е два и пол – доколку е пречникот на дигесторот 2 метра длабочинта треба да биде 5 метри.