Германската Агенција за енергетика доделува награди за енергетска ефикасност за 2012 година. Наградите ќе бидат доделени на оние компании кои ќе се пријават на конкурсот и кои имаат имплементирано иновативни и показни мерки за енергетска ефикасност. Вкупната сума која е определена за награди изнесува 30.000 ЕУР и е обезбедена од Федералното министерство за технологија на Германија.
Наградите ќе бидат доделени на 18 и 19 Септември 2012 година на третиот конгрес на ДЕНА во Берлин.
Подолу Ви го претставуваме повикот кој ДЕНА го испрати до Агенцијата за енергетика со кој се мотивираат сите македонски фирми кои работат на полето на енергетската ефикасност и имаат постигнато резултати да аплицираат.
Пријава на следниот линк
Извор: Агенција за енергетика