Автомобилите кои се придвижувани од електричен мотор се сметани (барем досега како директни наследници на автомобилите со мотори на внатрешно согорување). Но во меѓувреме без многу помпа се развиваше еден друг концепт на автомобили кои можеби и ќе го преземат приматот на автомобили на иднината од електричните автомобили. Во претходниот текст се доби една генерална слика за овој вид на автомобили и нивното функционирање. Во продолжение следи една мала споредба помеѓу електричните и автомобилите на компресиран воздух.
Емисии на CO2
Од аспект на заштита на околината иако и двата автомобили директно не влијаат врз околината (нула емисии на CO2), сепак има еден друг агол од кој може да се направи оваа споредба. Споредбата е во смисла колку енергија е потрошено за изработка на автомобилот и колку енергија е потребно за да се “наполнат батериите” или “наполни резервоарот” соодветно. Енергијата која е потребно за тоа денес во главно сеуште доаѓа од класичните термоцентрали на јаглен и кои имаат големо влијание врз околината и се одговорни во најголем процент за емисиите на гасови. Од овој агол автомобилот на компресиран воздух е победник со оглед дека е потребно мошне помалку време и ресурси за да се произведи и потребно мошне помалку електрична енергија за да се наполни резервоарот со компресиран воздух.
Економичност.
Од аспект на економичност уште еднаш победник е автомобилот на воздух за кој да помини со еден резервоар се потребни $2 до $3 долари (пари за електрична енергија потребна за компресорот на воздух да го наполни резервоарот). Со еден резервоар се смета дека ќе се поминува околу 185 милји. Просечниот електричен автомобил заостанува многу во однос на овие бројки.
Изглед и опременост.
Во оваа категорија електричните автомобили се апсолутни победници. Кај автомобилите на струја речиси и да нема екстра опрема. Сето тоа е разбирливо со оглед дека Татра е компанијата која се нафати на сериско пропизводство на овие автомобили, како и на тоа дека идејата е да се направи евтин автомобил достапен за широките маси. Овој вид на автомобили немаат никако аудио систем вграден во нив. Така да дури и радио ќе треба сами да си набавите.
Цена
Некаде околу $8000 долари треба да биди цената на автомобилите со мотор на компресиран воздух, додека цената на електричните автомобили е повеќекратно поголема.
Одржување
Во оваа категорија речиси и да нема победник. И двата автомобили се лесни за одржување и без поголеми трошоци. Единствено кај електричните автомобили на одредено време мора да се заменат батериите кои сеуште се со доста високи цени.