Електричното возило (ЕВ) Mira постави нов светски рекорд со возење 1000km со едно полнење на литиум-јонската батерија, создадена од Sanyo. Овој експеримент се одвиваше на најдолгата тркачка патека во светот која се наоѓа во Шимоцума, Јапонија. Организиран од Јапонскиот клуб за електрични возила, овој возачки маратон беше остварен со помош на 17 возачи од школата за возење во Ибраки, Јапонија.
Електричните возила секогаш биле хендикепирани за возење на долги патеки, пред сѐ заради ограниченоста на батериите. Но, новите литиум-јонски батерии од Sanyo овозможија ЕВ Mira да помине 1003.184km без надополнување. Возејќи 27.5 часа, со просечна брзина од 65km/h, од 22 до 23 мај, ЕВ Mira беше напојувана од 8320 цилиндрични литиум-јонски батерии од типот 18650.
РУШЕЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ РЕКОРД
Ова не е новост за ЕВ Mira. Минатиот ноември оствари растојание од 555.6km без надополнување на батериите, осварување што во април беше признато како светски рекорд. Но, со овој резултат остварен во мај, Mira постави рекорд достоен да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Од Sanyo најавуваат продолжување на истражувањата за литиум-јонските батерии. Со триумфот на Mira, иднината на електричните возила изгледа сѐ посветла. А од Sanyo остануваат посветени на мисијата за производство на возило со нулта емисија, како и на општество незагадено со јаглерод.
Преземено од Alternative Energy