“Политичкото значење на овие активности да се пренесе на највисоко ниво за да се осигура дека сите административни пречки за реализација на мониторинг механизмот се отстранети;
Европската комисија и Енергетската заедница да ги гарантираат ресурсите кои се потребни за поддршка на воспоставување на систем кој се базира на институционална рамка за да мониторинг механизмот стане реалност;
Европската комисија ја поддржува Енергетската заедница кога станува збор за зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските акции и транспонирање и имплементација на законодавството на ЕУ во областа клима, со што се осигурува поддршката за Регионалната пристапна мрежа за животна средина и клима (ECRAN) преку вклучување на Секретаријатот на Енергетската заедница;
Европската комисија и Енергетската заедница искажуваат голема поддршка за популаризацијата на климатските прашања во сите релевантни министерства.”
Задоволство изрази Соња Ристеска од Аналитика велејќи: “Ова е многу важен чекор од страна на Европратениците зашто се искажува поддршка за енергетските прашања и климата во моменти кога фокусот е ставен на политичките превирања на Балканот. Ова е важно затоа што чекајќи да ги решиме политичките проблеми во нашите држави, ќе не’ највасаат климатските промени чии што последици се непоимливи. Што порано започнеме со постепена дејаглеродизација на нашите општества тоа подобро за целата Европа. Тоа овие Европратеници го препознаа.”
Писмото беше потпишано од Тања Фајон, Тонино Пицула и Анелизе Додс (S&D), Улрике Луначек, Клод Турмес и Бенедек Јавор (Зелените/ЕФА), Едуард Кукан и Алојз Петерле (ЕПП), Моника Маковеј (ECR) и Димитриос Пападимоулис (GUE/NGL).
За повеќе информации, контактирајте 071589634, Соња Ристеска, Аналитика тинк тенк Скопје.