Форум за развој на мали хидроцентрали, регулатива, финансирање и инвестициски предизвици, организира денеска во Скопје IFC (International Finance Corporation), во соработка со министерствата за економија и за животна средина и просторно планирање.
Целта на форумот е отворање дискусија за постапките при спроведување на концесиите за малите хидроцентрали, за постоечката правна рамка и можностите за финансирање.
На форумот ќе се обратат министерите за економија и за животна средина и просторно планирање Ваљон Сарачини и Абдилаќим Адеми, а е најавено присуство и на амбасадорот на Австрија во Македонија Томас Мајкл Наер, претставници на Регулаторната комисија за енергетика и на ЕВН Македонија, како и на концесионери на мали хидроцентрали.
Извор: МРТ