Со голем чекор напред за зелената енергија Француската влада најави нов план за инсталирање на соларни фотонапонски панели на должина од 1000 км во наредните 5 години. Целта е да се обезбеди обновлива енергија за 5 милиони луѓе или околу 8% од Французите.
Соларните патишта ќе користат Wattway панели и фотонапонска технологија која е откриена минатата година во Октомври од големата Француска инженерска фирма Колас. Францускиот министер за екологија и енергија Сеголен Ројал, проектот “Позитивна Енергија” ќе биде финансиран преку зголемување на даноците за фосилни горива.
httpss://youtu.be/8ZNJhcNq9q4
Франција не е првата држава која ќе воведи соларни патишта. Холандија го зазема првото место во 2014-тата година кога го направи првата соларна велосипедска патека во светот. Според француската агенција за животна средина и управување со енергија , 4 метри од соларниот пат е доволно за да ги обезбеди енергетските потреби на едно домаќинство, не вклучувајќи греење, додека 1 километар може да обезбеди електрична енергија за 5000 жители.
Соларните патишта ќе бидат покриени со Wattway панели, технологија за која беа потребни 5 години за да се развие, кој ќе бидат “залепени” на горниот дел од површината на патот. Панелите собираат соларна енергија користејќи тенок филм со полукристален силикон. 7 милиметарски дебели ленти е доволна дебелина која ќе издржи секаков вид на сообраќајни возила. Панелите се веќе тестирани и си тестот snowplow.
Локациите за поставување на овие панели сеуште не се откриени. Данокот од фосилното гориво се очекува да донесе помеѓу 200 и 300 милиони евра за финансирање на проектот. Тендерите за “Позитивна Енергија” ќе започнат оваа пролет.