Секое празно парче земја е отворен повик за да го разелениш! Запознајте го Герила Градинарството.
Урбаните средини се повеќе се прошируваат, зеленилата се заменуваат со згради, а останува се помалку простор за уживање во природа. И токму во една ваква состојба на работите, стапува на сцена Герила Градинарството.
Герила Градинарите се обични луѓе кои сметаат дека секое слободно парче земја треба да се искористи за да се засади нешто зелено кое ќе биде прочистувач на возухот или пак нешто функционално што ќе може да се јаде. Тие засадуваат зеленило дури и во пукнатините на асфалтот. Нивната порака е јасна, дека на светот му е потребно повеќе зеленило- помалку сивило!
Човекот кој прв ги популаризираше ваквите акции се вика Adam Purple. Во 1975 година тој гледаше како децата од едно маало во Њујорк си играат во ѓубриште и реши наместо тоа да им засади преубава зелена градина и зеленчук за бесплатна храна. Ја нарече The Garden of Eden или Рајска Градина бидејќи вистински беше тоа. Накрај градината беше уништена од градските власти, меѓутоа неговата скромна идеја покрена цело движење насекаде низ светот.
Guerrillagardening.org е можеби најпознатиот и најуспешен проект на Герила Градинарите во Светот. Стартувал во 2004тата во Лондон, а денес има милион следбеници и мрежи на Герила Градинари од цел свет.
Зеленилото ни е важно нам во секојдневието како и за опстанокот на Планетата. Да не дозволиме да го снема од урбаните средини! Станете Герила Градинар уште денес. Одберете коцка градска прашина и трансформирајте ја во цветна градина или украсно парче земја со градинарски култури. Можеби за час ќе ви го уништат, ама утре пак ќе го засадите!
Извор: Бамби Бригада