Продолжуваме со упатството за тоа како да направите соларен колектор од лименки.
Кога ќе завршиме со правење на отворот на врвот на лименката, може да се случи да останат парчиња од исечениот метал во конзервата. Ова не го правете со раце, бидејќи металните парчиња се остри и можат да предизвикаат повреди. Покрај ова, отстранете ја преостаната маснотија и нечистотија од конзервите. Кое било синтетичко средство добро ќе послужи за оваа намена. Ова чистење направете го во добро проветрена просторија или на отворено, бидејќи се работи за мошне запалив процес. ВНИМАНИЕ! ОВОЈ ПРОЦЕС ДА НЕ СЕ РАБОТИ ВО БЛИЗИНА НА ОГАН ИЛИ ЗАПАЛЕНА ЦИГАРА!
Кога ќе ги исчистите лименките на ред иди да ги споите-залепите. Ова можете да го направите со лепак или силикон отпорни на високи температури барем до 200 степени целзиусови. Горниот дел на лименката (отворот на лименката) и дното на лименката совршено се вклопуваат еден на друг. Ставете го лепилото/силиконот на самиот раб на лименката и добро притиснете го дното на другата лименка. (Сликите 4 и 5)
Слика бр. 4 Слика бр. 5
Слика бр. 6
Подгответе го шаблонот за редењето на лименките (слика бр. 6). За овој шаблон можете да искористите рамни даски и да ги поврзете со клинци. Шаблонот ќе обезбеди поддршка на лименките за време на сушењето и ќе обезбеди добивање на права цевка – соларен тунел.
Кутиите на усисниот и издувниот дел можат да се направат од дрво или од 1 mm алуминиум. Празниот простор помеѓу рабовите, пополнете го со леплива лента отпорна на високи температури или со силикон. Капаците на кутијата имаат отвор од 55 mm. Избушените делови можете да ги видите на сликите бр. 7 и бр. 8:
Слика бр. 7 Слика бр. 8
Првиот ред на конзерви е залепен на капакот на усисната кутија. Вака изгледа кога ке се залепат сите споени редици на конзерви.
Слика бр. 9
Соларниот колектор се поставува во кутијата за колекторот, која е направена од дрво (слика бр. 9). Задниот дел на кутијата е од иверка. За кутијата дополнително да се зацврсти, можете да направите внатрешни прегради составени од летви (слика бр. 10). Помеѓу направените прегради поставете изолација-стиродур/стаклена волна. Сето ова прекријте го со тенка табла на иверка.
Слика бр. 10
На крајот кутијата се префарбува со веќе припремена бела боја, конзервите се фарбаат со мат црна боја. Преку апсорберот се поставува плексиглас кој го прицврстуваме на кутијата со соликон. (слики бр. 11 и бр. 12).
Слика бр. 11
Слика бр. 12
Во наредните написи повеќе за самото функционирање на соларниот колектор
Текстот и сликите преземени од СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
One Comment
Анонимен
Изключително екологично решение. Отпадъчн амбалаж се използва за изработването на слънчев колектор. Елегантно е и решението за директно затоляне на въздуха. Липсата на течен флуид поефтинява системата, улеснява обслужването и намалява появата на аварии и липса на течове. Вентилатора е много по-лесен за обслужване от хидравличната помпа.
Като заключение, ако ще използваме слънчевата енергия за отпление, това е решението.