Во вчерашниот пост, зборувавме за кредити за енергетска ефикасност кој што се наменети за физичките лица. Но како енергетската ефикасност е област кој што го покрива и бизнис секторот, во денешниот пост ќе направиме преглед на банки кој што имаат специјализирани кредити за енергетска ефикасност како и кредити за искористување на обновливите извори на енергија. Па да почнеме:
Халкбанк Турција (Türkiye Halk Bankası A.Ş.)
Халбанка во своја понуда има Еко кредит + специјализиран кредит за финансирање на енергетската ефикасност и за искористување на обновливите извори на енергија. Кои се карактеристики на оваа кредитна линија:
- Инвестициите мора да резултираат со минимум заштеда на енергија од 20 %.
- Најмалку 75 % од заемот треба да биде искористен за соодветните намени додека останатиот дел од 25 % може да биде искористен за други трошоци поврзани со проектот, под услов дека планираните заштеди се постигнати.
- Кредитите се достапни до максимален износ од ЕУР 500.000,00.
- Каматна стапка: 5.5 % годишно.
- Провизија: 1 % од износот на кредитот, еднократно, однапред
- Рок на отплата: 5 години (со вклучен грејс период до 6 месеци)
- Начин на исплата: средствата се исплаќаат на сметка на клиентот или на сметка на добавувачот
- Проектите треба да бидат финансиски подобни и да резултираат со заштеда на енергија од најмалку 20 %, преку широк спектар на опрема што придонесува за модернизација или подобри процеси, технички надградби или дополнителни вградувања.
Оваа кредитна линија е линија од ГГФ фондот – Green for Growth Fund, Southeast Europe
За сите дополнителни информации контактирајте ја најблиската филијала на Халбанка.
Македонска банка за поддршка на развојот
Оваа банка е позната како банка која што дистрибуира поволни кредитни линии. Во свој понуда има две кредитни линии – една за подобрување на енергетската ефикасност и друга за искористување на обновливите извори на енергија. Па да ги видиме карактеристиките на овие две кредитни линии.
Енергетска ефикасност
- Износ на проект: макс. 500.000 УСД.
- Средствата се одобруваат само за нови проекти, со следнава финансиска структура:
- 60% МБПР,
- 10% сопствено учество,
- 30% учество на банката учесник и др.
- Каматна стапка: променлива
- Рок: до 6 години
- Најмалку половина од придобивките од проектот треба да произлезат од заштедата на енергијата која е мерлива.
- Технологијата за заштеда на енергијата мора да биде добро поткрепена со докази во барањето за кредит.
- Износ на проект: макс. 4.000.000 УСД.
- Средствата се одобруваат за проекти со следнава финансиска структура:
- 60% МБПР,
- 10% сопствено учество,
- 30% учество на банката учесник и др.
- Каматна стапка: променлива
- Рок: од 5 години до 10 години, до 3 години грејс период
- Целни групи:
- мали (мини) постројки на водена енергија (со капацитет помал од 10 MW),
- производство на струја и топлина врз основа на биомаса,
- проекти за греење кои се базираат на вишок на индустриска топлина или обновливи топлински извори,
- проекти за енергија добиена од сонце и ветер.
Обновливи извори на енергија
Оваа кредитна линија се дистрибуира преку следните банки:
- ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
- НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ
- ОХРИДСКА БАНКА АД ОХРИД
- УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ
WeBSEFF проект
Според мене една од најповолните кредитни линии наменета за искористување на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност. Пред неполни две години пишував за овој проект, а тука само на кратко ќе ги претставам карактеристиките на оваа кредитна линија:
Максималната вредност на проектот е до 5 милиони евра
Учеството на компаниат која ја реализира инвестицијата е минимум 15% од вкупната вредност на проектот
- Износ на кредитот од 100.000 – 2 милиони евра
- Рокот на враќање е 5 години со максимум 2 години грејс период
- Инструмент на гаранција е во склад на деловната политиката на банката која го пласира кредитот
- Бонус – грант е во висина од 15-20% од износот на реализираниот кредит
Каде можете да аплицирате за овој кредит? Следните банки го дистрибуираат овој кредит:
- НЛБ Тутунска банка АД Скопје
- Охридска банка АД Охрид
- Халкбанк АД Скопје
Уни банка
Ова банка во своја кредитна понуда за правни лица има специјализиран кредит за енергетска ефикасност. Лично мислам дека се работи за кредитната линија на Македонска банка за поддршка на развојот, но можеби грешам. На сајтот на банката нема доволно информации за оваа кредитна линија, така да доколку сте заинтересирани, посетете ја најблиската филијала на Уни банка.
Прокредит банка
Иако е на последно место, тоа не значи дека ова е и најлоша кредитна линија – „дапаче“ J Покрај кредитната линија за физички лица, Прокредит банка спреми и Еко кредит за бизнис секторот. Па да ги видиме карактеристиките на оваа кредитна линија:
- За кого: мали и средни претпријатија, сопственици на бизнис, земјоделски производители
- Намена: инвестиции во основни средства кои обезбедуваат минимум 20% заштеда на енергија
- Износ: до 750.000 ЕУР
- Рок на отплата:до 180 месеци
- Минимум искуство:12 месеци
- Грејс период: до 6 месеци
- Начин на отплата: месечни рати
- Годишна фиксна каматна стапка: од 7%
- Обезбедување: меница/гаранти/подвижни предмети или недвижен имот
- Потребна документација за апликација: лична карта од управителот, тековна состојба не постара од 6 месеци.
Пак ќе речам, како и вчера, доколку сте кредитно способен можете да конкурирате и кај други банки за класичен долгорочен или инвестиционен кредит – сепак финансирање на енергетската ефикасност е инвестиција а не трошок. Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на адекватна кредитна линија.