Министерот за надворешни работи на Австрија г-дин Себастијан Курц, во рамки на официјалната посета на Република Македонија, ја посети хидроцентралата “Матка” на ЕВН Македонија.
Заедно со својата делегација и придружуван од Амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Томас Михаел Баер, г-дин Курц имаше можност да се запознае со богатата историја на Матка, која датира од триесетите години на минатиот век.
Хидроцентрaлата Матка покрај живописната природа која ги остава посетителите без здив, најтесно е поврзана со електрификацијата, а со тоа и развојот на Градот Скопје и неговото прераснување во модерна метропола.
Г-дин Курц за време на својата посета на Македонија оствари и средби со македонскиот државен врв.