Roxbury E+ ќуќите на Архитектското студио ”Interface Studio” го отвораат патот кон поефикасни енергетски домови во Бостон. Во соработка со компанијата Urbanica, овие нискоенергетски куќи беа создадени како дел од “E+ Green Building” програмата, иницијатива за вдомување на “Net Zero” населби (населби во кои се произведува онолку енергија колку што ќе се потроши). За нивна изработка искористени се најнови системи, соларна енергија, системи за собирање на дожд, зелени покриви и прозорци со тројно стакло.
Roxbury E+ вклучува четири куќи, секоја од нив има по 39 соларни панели кои можат да произведат околу 10.000 киловати електрична енергија годишно. Куќите се проектирани да го задоволуваат т.н.“пасивен стандард” односно да произведуваат доволно енергија за потребите на своите жители, а вишокот да се продава на локалните мрежи за дистрибуција.
Сите куќи од овој проект се на три ката, имаат три спални соби, две бањи и тоалет, фасадата е направена за да ги задоволува високоте барања на LEED и пасивниот сертификат. Исто така куќите имаат двор и тераса на покривот. Нивниот распоред може да го видите на сликата:
Интересно е да се каже дека сите уреди во куќите се со висока енергетска ефикасност, се води сметка дури и за потрошувачката на вода. Исто така и растенијата кои се засадени во дворот се отпорни на суша за да се намали употребата на вода.
Извор: inhabitat