Од денес започна втората фаза на либерализација на пазарот на електрична енергија. Што тоа значи во пракса? Тоа значи да оние компании кои што имаат повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра, од денес електричната енергија ќе можат да ја набавуваат на слободниот пазар. Се работи за 222 македонски компании.
Она што поголем дел од компаниите очекуваат од либерализацијата на пазарот на електричната енергија е намалување на цената на електричната енергија. Очекувањата се оптимистични и често пати во медиумите се споменува дека либерализацијата ќе ја намали цената и до 25%!
На пазарот веќе се истакнаа две компании кој што склучија договор со квалификуваните потрошувачи. ЕВН-Снабдување склучи договор за снабдување со електрична енергија со 115 компании, додека ЕДС (Energy delivery Solutions) склучи договор со преостанатите компании.
Инаку, покрај овие две компании во Македонија постојат уште 68 компании кој што имаат дозвола за тргување со електрична енергија, а само три компании добија лиценца за снабдување – ЕВН-Снабдување, ЕДС (Energy delivery Solutions) и “ГЕНИ-И”. Овие компании од идната година ќе можат да ја нудат електричната енергија и на граѓаните.