Чудни работи се случуваат во Македонија кога станува збор за електричната енергија. Обичниот граѓанин вели дека сметките се преголеми и дека од месец на месец сè потешко се плаќаат, државата нè теши дека во остатокот од светот се плаќа многу поскапа електрична енергија, Европа нѝ вели дека мора да ја прилагодиме цената на електрична енергија по пазарни услови. Како да е, мора да се направи една дистинкција сè со цел да се разберат подобро некои работи околу електричната енергија во Македонија. Мора да се види што е факт а што мит. Затоа ќе објасниме неколку работи за кои е дискутирано доста во минатото, а сепак многу малку е преземено.
Плаќаме ли висока цена за електрична енергија или не?
Компаративно гледано со другите европски земји и со околината ние плаќаме речиси најевтина електрична енергија. Кај нас проблемот е што го имаме речиси најнискиот стандард речиси во цела Европа,така што и таа цена е преголема за македонските граѓани. Но мора да се знае дека кај нас ние плаќаме субвенционирана цена на струјата. Имено, Владата преку буџетот ја доплаќа пазарната вредност на струјата така што на крајот ние ја плаќаме оваа цена која ја плаќаме како граѓани.
Сето тоа ќе се промени после 2015 кога сме обврзани од Европа да ја прилагодиме цената на пазарните услови. Да се надеваме дека дотогаш нашиот стандард ќе биде поголем за да не мора да се враќаме неколку векови наназад. Со тоа што и Владата плаќа дел од трошокот преку буџетот кој се собира од нас сите, нѝ доаѓа дека два пати се плаќа електричната енергија. Еднаш директно од нашите џебови и вториот пат преку даноците кои повторно државата ги збира од нас граѓаните. А со оглед на новиот закон со кој се плаќаат дел од сметката на социјалните случаи, нѝ доаѓа како три пати да се плаќа една иста сметка. Е па сега на вас е да заклучите плаќаме или не високи сметки.
Интересно е и она што се случува со цената за електрична енергија за големите компании. Имено, компаниите како Силмак и Фени плаќаат повластен цена на електричната енергија. Зошто е тоа така никој не знае. Што е тоа што ги прави посебни овие компании? Зарем не важат исите пазарни услови за сите компании во Македонија? Повеќе за ова на следниот линк https://www.makdenes.org/content/article/1480117.html