Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата, откако од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Од ЕЛЕМ велат дека станува збор за исклучително сложена операција затоа што за превоз на една ветерница, компонентите се распоредени во десетина огромни камиони, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти распоредени во камионите надминува 330 тони.
„Во наредните денови ќе почне и монтажата на ветерницата, а паралелно ќе продолжат да пристигнуваат и да се монтираат останатите турбини на локацијата Ранавец кај Богданци. Според воспоставената динамика, ќе се транспортираат по две ветерници неделно, што како операција ќе тече во наредните два месеца, а ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција во текот на првото тромесечје од наредната година“, изјави Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ.
Турбините, производство на „Сименс“ – Данска, се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. (Ек.Р.)
Извор: МАКТЕЛ
2 Comments
Pingback: ТЕ Мариово – исплатлив проект и зошто не? | Mishevski
Pingback: ТЕ Мариово - исплатлив проект и зошто не?