Продолжуваме со текстови во врска со заштеда на електрична енергија. Денес ќе Ви дадеме неколку совети како рационално да се греете.
- Грејте ги оние простории во кои најмногу се седи
- Термостатот да ви биде подесен на 21 ° C каде што седите или на 20 ° C во просториите каде што работите
- Пред спиењето намалете ја температурата на термостатот. Ем ќе заштедите ем е поздраво
- Ако не сте дома по цел ден термостатот нека ви биде на 16° C. А ако планирате да не бидете дома цела недела термостатот нека ви биде наместен на 10 ° C
- Teрмостатите да ви бидат оддалечени од топлотните извори (радијатори, печки, шпорети) како и од прозорите, влезните врати итн.
- Грејните тела нека не ви бидат заклонети од мебел, просторијата послабо ке Ви се грее.
- Aко е температурата во собата 16 ° C, а сакате да ја зголемите на 20 ° C, поставување на термостатот на 26 ° C нема побрзо да ви е загреее собата, а од друга страна ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија.