Шпанија е позната како држава со најголем потенцијал за искористување на сончевата енергија во Европа. Но од до некогаш неограничена поддршка за развој и искористување на овој вид на обновлив извор на енергија, Шпанија иди во друга крајност. Имено шпанската влада веќе ги намали субвенциите наменети за производителите на електричната енергија по пат на користење на фотоволтаични панели. Вториот чекор е оданочување на оние домаќинства и на оние претпријатија кој што своите потреби за електричната енергија ги реализираат по пат на инсталација на фотоволтаични панели. Овој данок треба да се воведе од наредната година, а оваа одлука треба да биде усвоена од страна на шпанскиот парламент, што е веќе решена работа, бидејќи владата го има мнозинство во парламентот.
Демонтирање на сончевите системи
Секое домаќинство или претпријатие кое што има сончеви системи од кој што ја добиваат електричната енергија за свои потреби, во наредниот период ќе мораат да се приклучат на јавната електро мрежа за да се пресмета и оданочи произведената електрична енергија за сопствени потреби. За сите оние кој што не сакаат да се приклучат на јавната електро мрежа следува и „соодветна“ казна која што може да ја достигне вредноста од 30 милиони евра.
Најавеното оданочување предизвика големи негодувања кај оние кој што инвестираа во сончевите системи за да произведуваат електрична енергија за сопствени потреби. Некој од нив веќе пресметаа дека не им се исплатува да користат сончеви панели и веќе почнаа со демонтирање на овие системи и истите ги или продаваат на оние кој што живеат во непристапни краишта за кој што нема да важи планираното оданочување.
Незадоволни се и оние кој што инвестираа во сончеви централи за да ја продаваат произведената електрична енергија по субвенционирани цени, а истите цени се намалуваат. Тие се лути на државата која што првин даваше високи субвенции за да денес тие истите субвенции бидат намалени а веќе се инвестирани големи средства во изградба на сончеви централи.
Според пресметките на владата, новиот данок треба да го покрие таканаречениот дефицит кој што се јавува помеѓу приходите од продажбата на електричната енергија и помеѓу трошоците за продукција, пренос и дистрибуција. Во моментот овој дефицит изнесува околу 26 милијарди евра на годишен ниво. Неконтролирано поставување на фотоволтаични централи и ветерници, резултираше со понуда која што во време на шпиц ја надминуваше побарувачката за 60%! Во исто време потрошувачката на електричната енергија, поради долгогодишната рецесија, стагнира. Воведување на овој данок, со дополнителни технички мерки ќе донесе заштеди од околу 5 милијарди евра на годишен ниво.
Критичарите велат дека со овие мерки владата ќе го загрози трендот на таканаречената самоодржливост кој што како концепт успешно се развива во Германија и Италија. Сончевите панели се за поголем дел на граѓани најдобар и најевтин извор на енергија. Според направените пресметки, инсталирање на фотоволтаични панели можат да ја намалат потрошувачката на електричната енергија во едно домаќинство од 30 до 40%.