Можеби е прашањето како за основците, но навистина, дали знаеме се што добиваме од термоцентралите? Па струја се подразбира. Покрај струјата во другите држави добиваат, поточно ја искористуваат топлинската енергија која што се создава во процесот на производство на струјата – когенерација. Има ли уште нешто?
Па самиот процес на согорување на јагленот ни дава уште некои „продукти“ кој што сакале ние или не ги користиме – емисии на CO2, емисии на азотни оксиди (NOx), оксиди на сулфур (SOx) како и суспендирани честички, бучава, пепелта…..
За CO2 скоро да е се познато – основниот причинител на глобалното затоплување. Има индиректно влијание на човековото здравје по пат на климатските промени.
Сулфур диоксид (SO2) – има влијание на дишните патишта како и на нормално функционирање на белите дробови. Имаа влијание на инфекции на респираторниот тракт, како и на астмата и на хроничниот бронхитис. Го зголемува ризикот од мозочниот удар и на срцевите болести.
Азотните оксиди (NOx) – Како резултат на фотохемиски реакции на азотните оксиди и органските загадувачи се формира приземниот озон. Можност за развој на астма, појава на хронични болести на белите дробови, срцева аритмија…
Суспендирани честички (PM10) и (PM2.5) – се сомнева дека имаат влијание на развојот на астма, го стопира развојот на белите дробови, канцер на белите дробови, срцева аритмија, има негативни влијанија на нервниот систем….
Амонијак (NH3) – иритација на дишните патишта, може да предизвика опекотини на кожата, како и иритација на очите.
Бучава – Голем број на студии покажуваат негативно влијание на бучавата врз човековото здравје:
■ Кардиоваскуларни пореметувања
■ Когнитивни пореметувања
■ Пореметен сон
■ Нервоза
■ Однесување
■ Биохемиски пореметувања
Најранливата група се работниците, кој што работат во различни смени кој што се под зголемен ризик поради неприродниот ритам на сонот
Пепелта – најголемиот дел на минералните материи од јагленот, околу 10%, останува во пепелта. Концентрацијата на радионуклеодитите е зголемена и до 10%. Просечната активност на радиумот во летечката пепелта изнесува околу 210Bq/kg. На ваков начин имаме зголемување загаденоста на природната средина поради зголемената природната радиоактивност.
Пепелта содржи и одредени количества на: Be – 16,4 ppm, Cu – 106 ppm, Zn – 578 ppm, As – 40.4 ppm, Cd – 2,6 ppm, Hg – 18 ppm, Pb – 71 ppm, U – 21,8 ppm, како и на B, Cr, Ni, i V.
Извори:
https://www.eea.europa.eu/publications/environment-and-human-health
https://www.euro.who.int/__data/assets/pdf_file/0017/43316/E92845.pdf
https://www.cekor.org/documents/pages/555_1.pdf
https://e2010.drustvo-termicara.com/resources/files/presentations/mladenovic.pdf
https://www.rgf.bg.ac.rs/predmet/RO/VII%20semestar/Sagorevanje/Predavanja/12Ekologija%20sagorevanja.pdf
Извор на фотографијата: https://switchboard.nrdc.org/blogs/ddoniger/carbon_copy_understanding_what.html
One Comment
sevdet
Mnogu dobro sostaveno zatoa sto ponekogas nekoi prasanja ne se samo za osnovcite tuku i za site drugi lujge