Оваа година обилуваше со интересни настани, но енергијата и загадувањето остануваат во фокус. Енергијата и загадувањето дефинитивно ќе останат главни теми и во наредниот период.
Загадениот воздух во Кина
Во јануари Пекинг достигна неверојатни 755 на индексот на квалитетот на воздух, дупло повеќе од вредноста за која се смета како опасна. Кинеската влада донесе одлука да се намали бројот на нови термоцентрали на јаглен и да се инвестира околу 275 милијарди долари во подобрување на квалитетот на воздухот.
С.А.Д. станува најголем производител на нафта и гас
Во С.А.Д. очекуваат да ја престигнат Русија и Саудиска Арабија и да станат најголем производител на нафта и гас. Се предвидува 56% зголемување на производство на природен гас до 2040 година.
Обама најави нов климатски акционен план
Во јуни 2013 година американскиот претседател Барак Обама, најави прв национален план во врска со климатските промени. Планот предвидува намалување на загадувањето кое што доаѓаат од американските термоцентрали.
Јагленот е пак во фокус
Светската банка, ЕБРД и US Export Import банка одлучија да го забранат финансирањето на новите термоцентрали на јаглен. И покрај ригорозната политика на финансирање, ниската цена на гасот, јагленот се сè повеќе бара и троши. С.А.Д. извезуваат 120 милиони тони, а World Resources Institute проценува дека во моментот во светот постојат 1200 нови проекти за термоцентрали на јаглен.
Пад на инвестиции во обновливите извори на енергија
2013 година донесе помали инвестиции во обновливите извори на енергија. Но од друга страна има и позитивни примери. С.А.Д ја престигна Германија во бројот на инсталирани сончеви централи. Ворен Бафет најави инвестиција вредна околу една милијарда долари во искористување на ветерна енергија во Ајова. Во Шпанија је инсталирана прва голема сончева централа без субвенции, а Бразил најави зголемени инвестиции во ветерна енергија.
Извор: Екологија