Претставниците на српската влада ќе потпишат документи за енергетската соработка помеѓу српското електростопанство ЕПС и германската компанија RWE. Со потпишувањето на овие договори, ќе се овозможи инвестирање во енергетските потенцијали на Србија, во вредност од преку 2 милијарди евра.
„Во Берлин ќе потпишеме заедничка изјава во врска со изградба на термоцентралата „Никола Тесла – B3„ како и изградба на планираните хидроенергетски проекти „Морава„ и „Дрина„„ изјави потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ.
Потпретседателот на српската влада Вучиќ, изјави дека во Берлин ќе се разговара и за изградба на хидро централата „Ѓердап 3“.
Српскиот премиер, Дачиќ, изјави дека српската влада ќе го активира меморандумот за соработка помеѓу српскиот ЕПС и германскиот RWE, кој што е потпишан уште пред три години. Се работи за изградба на повеќе хидро енергетски проекти на Велика Морава како и за изградба на термоцентралата во Обреновац.
ЕПС порано веќе договори основање на заедничка компанија која што ќе ги изгради хидроцентралите на Велика Морава. Се работи за изградба на минимум 5 хидроцентрали со вкупна инсталирана моќност од околу 150 MW. Вкупната вредност на оваа инвестиција ќе изнесува околу 352 милиони евра.
Исто така, германскиот RWE е заинтересиран за изградба на неколку хидроцентрали на Дрина. Проектот ќе биде реализиран заедно со Електростопанство на Република Српска. Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 500 милиони евра. Се планира изградба на следните хидроцентрали: ХЦ „Бук Бијела“ со инсталирана моќност од 115 MW, ХЦ „Фоча“ со инсталирана моќност од 52 MW, ХЦ „Сутјеска“ со инсталирана моќност од 35 MW и ХЦ „Паунци“ со инсталирана моќност од 36 MW.
Иако германската компанија, минатата година се повлече од тендерот за изградба на третиот блок на термоцентралата „Никола Тесла B“ во Обреновац, во Берлин ќе се разговара на соработка помеѓу ЕПС и RWE во врска со реализација на овој проект. Исто така ќе се разговара на реализација на проектот „Ѓердап 3„ – реверзибилна хидроцентрала на Дунав.