Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и позајми на Македонија 6 милиони евра за изградба на мали хидроелектрани, јавува специјализираниот портал „ХидроВорлд,“ повикувајќи се на агенциски извори.
Македонската компанија „PCC Hydro dooel“ со седиште во Скопје, компанија за обновливи енергетски извори, која е во сопственост на германската „PCC DEG Renewables GmbH“, ќе добие заем за изградба на четири хидроелектрани со вкупен капацитет од 4,1 мегавати.
Оваа германска компанија планира да гради мали хидроцентрали во повеќе земји во регионот, какви што се Македонија, Босна и Бугарија со вкупен капацитет од 16 мегавати во следните две години.
Преземено од: ИНФО+