До неодамна воз кој е предвижуван со помош на сончева енергија беше сметано за научна фантастика. Во секој случај, тоа беше до неодамна затоа што еден таков воз веќе се обраќа на релација Париз – Амстердам.
Првиот патнички т.н. „зелен воз” денес е голема атракција за многу луѓе, пред сè затоа што на еден дел од патот ја корсти струјата добиена од соларни панели. Поточно, делницата на патот која е покриена со тунел, а кој се наоѓа близу Антверпен. Имено, на крајот на проектот планирано е да има 16,000 соларни панели со површина од околу осум фудбалски стадиони, т.е. преку 50,000 m2.
Тунелот е долг 3,6 км и е проценет на 15,6 милиони евра. Благодарение на соларните панели со струја ќе биде напојувана целокупната инфраструктура на тој дел од пругата. Дел од струјата ќе биде користен за потребите во самиот воз додека еден дел ќе биде испорачан за самиот град Антверпен. Според проценките на експертите ќе се произведува околу 3,000 MW што е доволно да ги задоволи потребите за енергија на околу 950 домаќинства.
Овој проект го привлече вниманието на голем број на експерти низ Европа кои работат на проекти за искористување на обнловливи извори на енергија. Во Италија е предвиден сличен проект со кој Европската Унија би спонзорирала проект со кој на покривите на возовите би се инсталирале фотоволтаици кои би се користеле за климатизација на вагоните, додека Французите сакаат да ја користат добиената енергија исто и за осветлување на вагоните.