Во првите два поста објаснивме во кратки црти како да направите соларен колектор од искористени лименки. Денес ќе го објасниме функционирањето на самиот колектор-како работи. Приложената слика претставува упростен приказ на работењето на самиот соларен колектор:
Вентилаторот го вовлекува ладниот воздух кој се наоѓа во просторијата. Потоа ладниот воздух поминува низ филтер и низ неповратен вентил, за конечно да влезе во долниот дел на соларниот колектор. За да се насочи воздухот, се користат посебни усисни кутии, направени од алуминиум (1 mm). Овие кутии се поставени на горниот и долниот дел на соларниот колектор. Кутијата која се наоѓа во долниот дел на колекторот има за задача да го насочи ладниот воздух кон тунелите направени од искористените лименки. Кутијата поставена во горниот дел на колекторот има за задача да го насочува воздухот кон просторијата.
Кога времето е сончево, без разлика колкава е температурата на воздухот, соларната енергија многу брзо го загрева воздухот кој се наоѓа во лименките. Загреаниот воздух се враќа во собата низ горниот отвор на соларниот колектор и низ алуминиумската цевка, која го спојува колекторот со собата/просторијата. Просторијата која ја греете, цевката за ладен воздух, сончевиот колектор и цевката за топлиот воздух го сочинуваат овој затворен систем.
Овој соларен систем не може да го акумулира загреаниот воздух кој го произведува. Кога времето е сончево загреаниот воздух мора одма да се искористи за греење на планираната просторија. Ако времето не е сончево, неопходно е да се прекине дотокот на воздух во рамкатана соларниот колектор за да се спречи ладење на просторијата.
Овие соларни панели се вградуваат на јужниот дел на објектот. Доколку тоа не е можно, пожелно е да се монтираат на југозападен или на југоисточен дел на објектот. Кога го одредувате аголот на монтирањето на соларниот колектор, земете го предвид аголот под кој паѓаат сончевите зраци во текот на зимскиот период.
Според мерењата на авторите на сончевиот колектор, при температура од – 3°C од соларниот колектор излегувал 3 m3/min на топол воздух. Температурата на загреаниот воздух изнесувала и до +72 °C. Пресметената снага на соларниот колектор изнесувала околу 1950 W.
Сликите и текстот преземени и преведени од СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА