Учениците на електротехничкото училиште и учениците од средно машинско училиште од Осијек (Хрватска) сончевите панели за производство на електрична енергија повеќе не ги гледаат само на фотографии – ги имаат на кровот на заедничката зграда. Средно машинско и средно електротехничко училиште станаа први средни училишта во Осјечко-барањска жупанија која што произведуваат електрична енергија и истата ја продаваат на ХЕП.
„Нашите ученици ја споија теоријата со праксата на едно место. Повеќе не мораме да трошиме пари за да ги носиме на друго место за да видат како изгледаат сончевите панели. На едно место можат да состават, растават и да анализираат како функционира еден сончев систем за производство на електрична енергија.“, изјави Иван Кулеш директорот на средно машинско училиште. Школите немаа доволно парични средства за да инвестираат во еден ваков систем. Но приватната компанија од Осијек S.E.G инвестираше 600.000 куни (≈80.000€). Во првите 12 години средните училишта ќе добиваат 2% од вкупните приходи, а по истекот на овој период сончевата централа ќе биде во сопственоста на овие средни училишта.
„Ништо не загубивме, а економската и едукативната корист е голема. Го дадовме делот на кровот кој што не ни користеше. Централата има и голем маркетиншки ефект и се надеваме дека и другите училишта ќе го следат нашиот пример.“, изјави Иван Кулеш.
Инсталираната моќност на сончевата централа изнесува 30 kw. Проценета годишната заработка изнесува околу 100.000 куни (≈13.300 €). Вкупното производство се продава на ХЕП. Покрај инсталираните фотоволтаици, на заедничкиот кров ќе се инсталираат сончеви колектори, кој што ќе произведуваат топла вода.
„Планираме да поставиме и една ветерница, но исто така планираме да ископаме бунар за да ја искористиме геотермалната енергија“, изјави Ладислав Лукавец директорот на средно електротехничко училиште. Заинтересираноста за обновливите извори на енергија беше поттикната поради промената на едукативните програми и воведување на наставните содржини со кој што се опфаќаат обновливите извори на енергија. Покрај тоа ЕУ фондовите ќе го финансираат проектот за изградба на соларната лабораторија. Исто така овие училишта се партнери со средно техничко училиште од Сисак, со кој што ќе изградат соларен автомобил.
Извор: vecernji.hr