Во минатиот период повеќе пати пишувавме за различни видови на термоизолациони материјали. Во денешниот текст, ќе ги сумираме карактеристиките на најпопуларните и најчесто користени термоизолациони материјали во Македонија.
Различни материјали со различна брзина ја спроведуваат топлината, па така секој градежен материјал има свој коефициент на топлинска спроводливост, кој што се означува со буквата λ (ламбда) и кој што се наоѓа на самата декларација на материјалот.
Коефициентот на топлинската спроводливост означува колку топлина за еден секунд поминува низ 1 m2 материјал кој што има дебелина од 1 метар, при температурна разлика од еден степен. Единицата со која што се прикажува оваа вредност е W/mK
Вие како потенцијален купувач не морате да ја знаете дефиницијата на овој коефициент, но она што морате да го запаметите е да доколку вредноста на овој коефициент е помала тоа подобар термоизолационен материјал – и обратно. Топлинската спроводливост на материјалот зависи од неговата густина и од материјалот од кој што е создаден – па така два исти материјали можат да имаат различни коефициенти на топлинска спроводливост. Во долната табела поставивме различни коефициенти за најзастапени градежни материјали. Броевите кој што се наоѓаат во загради ја означуваат дебелината на термо изолацијата:
Материјал |
Просечен коефициент на топлинската спроводливост |
Бетон |
2,04 W/mK (51 cm) |
Цементен малтер |
1,40 W/mK (35 cm) |
Керамика |
1,07 W/mK (27 cm) |
Бетон со лесен агрегат |
0,58 W/mK (14 cm) |
Гипс |
0,58 W/mK (14 cm) |
Шуплива тула и блок |
0,57 W/mK (14 cm) |
Гас бетон и пенобетон |
0,30 W/mK (7 cm) |
Дрво |
0,18 W/mK (4 cm) |
Минерални волни |
0,04 W/mK (1 cm) |
Производи од полистирен |
0,038 W/mK (0,9 cm) |
Полиуретани |
0,035 W/mK (0,9 cm) |
Материјалите кој што се користат за топлинската изолација, имаат помали вредности на коефициентот на топлинската спроводливост и со нивната инсталација/поставување се намалува протокот на топлината.
Скоро сите термоизолациони материјали функционираат така, што во себе содржат голем број на мали меури кој што се исполнети со воздух. Воздухот е всушност тој кој што се спротивставува на топлината. Во наредните неколку редици, ќе ги претставиме карактеристиките на најзастапени термоизолациони материјали.
Експандиран полистирен
Сите сме запознаени со овој вид на термо изолација – стиропор, EPS и слични други имиња. Овој материјал се состои од гранули кој што се исполнети со воздух. Овој материјал не ја впива водата и тешко ја впива водената пареа. Поради овие карактеристики и поради неговото лесно поставување овој материјал е еден од најзастапени материјали кој што се користат за топлинска изолација.
Од друга страна овој материјал е лесно запалив и не е отпорен на притисок. На пазарот може да се најде во следни димензии: 100 x 50 cm или 101,5 x 55 cm. Дебелината на таблите изнесува од 1,2,3….па до 20 и повеќе сантиметри.
Екструдиран полистирен
Овој вид на материјал се нарекува и како стиродур, XPS, тврдо пресуван стиропор и слично. Овој материјал има слични карактеристики како и стиропор па и подобри особено во поглед на влагата и може да поднесе големи притисоци (и до 70 тони по метар квадратен).
Најчесто се користи за подна изолација, изолација на ѕидовите, рамните покриви, меѓу катни конструкции…..
Овој материјал се продава исто како и стиропор во следни димензии: 125 x 60 cm со дебелина од 2,3,4,……20 и повеќе сантиметри.
Експандиран полистирен со јаглерод
Овој вид на материјал е релативно нов вид на термо изолација. Ги поседува истите особини како и експандираниот полистирен, но поради присуството на јаглерод, има сива боја и за 20% подобри термо изолациони карактеристики.
Минерална волна
Минералната волна се состои од влакна кој што се пресирани во плочи со стандардни димензии: 100 x 60 cm и со дебелина од 2 до 20 сантиметри. Покрај добри термо изолациони карактеристики овој материјал се користи за звучна изолација. Може да се рециклира, незапалив и паропропусен. Овој материјал се произведува во различни густини а се според нивната намена од 30 до 200 kg/m3.
Полиуретан
Полиуретан е тврд пенест материјал. Внатрешната структура наликува како структурата на сунѓер. Овој материјал ретко се користи како термоизолација на објектите. Повеќе се користи за изолација на внатрешните ѕидови на ладилниците, поради неговите извонредни термички карактеристики на пониски температури.
Термоизолациони малтери
Овие материјали не се вистински термоизолациони материјали. Иако имаат одредени термоизолациони карактеристики, тие не можат да бидат замана на изразити термоизолациони материјали. Се произведуваат од перлит, па често се нарекуваат како перлитни малтери.
Керамички волни
Овој материјал се одликува со извонредна отпорност на високи температури и се употребуваат за изолација на котли и печки. Ретко се употребуваат како термо изолација на објектите.
Извор: www.samsvojmajstor.com/portal/forums/gradjevinarstvo/izolacije/osnove-termoizolacije