Денес се обележува Меѓународниот ден на ветерот. Во Македонија ќе го прославиме на едноставен начин – прошетка. Излезете и осетете ја силината на ветерот. Оваа година можеби на симболичен начин го обележавме овој ден – оваа година се започна со изградба на првиот ветерен парк во Македонија во местото Богданци. Да се надеваме дека ова е само почеток на поинтензивно користење на ветерот во Македонија.