Фондацијата „Ново образование за бизнис“ организира тркалезна маса маса на тема “Енергетски Ефикасна Локална Самоуправа“, на која ќе се дискутира за начинот на изготовка на програми за енергетска ефикасност на општините, како и за потребата од реализација на мерки за намалување на енергетската интензивност на јавните објекти на локално ниво. Организацијата на настанот е поддржана од Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултет за бизнис економија во Скопје (ул. 3та Македонска Бригада 66А, прв кат –линк до локацијата) на 19.12.2013 година со почеток од 11:30 часот.
Целта на тркалезната маса е да се промовира транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа за активностите во областа на енергетската ефикасност, да се поттикне јавната дебата и зголеми свеста за улогата која локалната самоуправа ја има во целиот процес. Дополнително, овој настан има за цел да ги подигне и капацитети на учесниците за изготовка на програма за енергетска ефикасност запознавајќи ги со клучните елементи кои треба да бидат опфатени во една програма. Ги повикуваме сите заинтересирани лица да земат учество во тркалезната маса и активно да се вклучат во дебатата за подигнување на свеста на реализација на програми и мерки за енергетска ефикасност.
На настанот ќе бидат поделени бесплатни примероци од публикацијата “Извештај од мониторинг на имплементацијата на активности предвидени со Програмите за енергетска ефикасност и годишните Акциони планови на општините“.