На вториот форум за иновации и нови технологии, InnetForum, кој што собрал голем број на иноватори и научници, Марио Микулиќ од Славонски Брод го претстави својот електричен автомобил. По добивањето на атест и на регистрација, неговиот автомобил нормално се движи низ улиците на градот.
„Живеам во непосредна близина на Хрватско – Босанска граница и рафинеријата која што се наоѓа во Босна секојдневно испушта големи количества на штетни гасови. На интернетот почнав да пребарувам за алтернативни начини на автомобилски погон. Прочитав дека некои луѓе направија сопствен електричен автомобил и тоа ме заинтригира. Направив листа на делови кој што се потребни за секој електричен автомобил, пазарив стар автомобил Сузуки Марути, кој што го платив 1,200 куни (160 евра) и почнав да го склопувам автомобилот. На самиот почеток имаше проблеми – ми прегореа неколку компоненти. Колегата кој што е електроничар ме советуваше околу потребната електроника, а голем број на работи најдов на интернет. Во колата инсталирав електричен мотор со инсталирана моќност од 5 kW, потребна електроника, литиумски батерии со инсталирана моќност од 7500 V. Овие батерии ми се доволни за возење на 55 километри со едно полнење. Пресметката е јасна – едно полнење, доколку батериите ги полнам во евтина тарифа ме чини околу 0,5 евра“, изјави Микулиќ, додавајчи дека без никакви проблеми го помина процесот на атестирање и регистрација.
Извор: Вечерњи лист