Силното сончево зрачење во Сахара претставува бесплатен извор на енергија, кој што наскоро ќе може да се искористи за потребите на Велика Британија. Проектот наречен “TuNur”, вреди околу 13 милиони долари, со кој што ќе се изгради таканаречена сончева фарма во Тунис со вкупна површина од 100 квадратни километри.
Сахара е одлично место за поставување на големи сончеви фарми, Пустинскиот терен нема друга намена па е идеално за поставување на сончеви панели. Од друга страна, интензитетот на сончевата светлина е сосема доволна за производство на големи количества на енергија. Произведената енергија би се транспортирала по пат на подводни кабли до Италија а потоа до Велика Британија. Планираната сончева централа ќе биде концетрирачки сончеви централи.
Се проценува дека произведената електрична енергија ќе биде доволна за снабдување на околу 2,5 милиони домаќинства.
Извор: efikasnost.org