Машинскиот факултет – Скопје, во соработка со Меѓународниот Институт за Ладење(International Institut of Refrigeration – Paris), по 6-ти пат ќе организира Меѓународна конференција за ладилна техника, вклучително и топлински пумпи, со природни ладилни флуиди амонијак и СО2.
Место и датум: Охрид, 16-18 април 2015.
Темите во програмата се многу актуелни, а тоа особено се однесува на Р. Македонија и пошироко. Во областа на ладењето и климатизацијата се случуваат големи промени поради проблемите со глобалното затоплување (климатски промени) и штетното дејство врз озонската обвивка. Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на нови технологии со посебен акцент на енергетската ефикасност.
На оваа конференција ќе бидат презентирани трудови од најновите истражувања и примени во праксата. Тоа е голема прилика да се согледаат можностите за трансфер на технологии во областа на ладење и климатизација.