Приклучувањето на извори на обновлива енергија е предизвик за многу од нас. И покрај тоа што цената на соларните панели продолжува да се намалува, сепак постојат еколошки настроени луѓе кои сеуште немаат соодветни покриви за да монтираат соларни панели. Ветерната енергија е поволна како опција во некои области, но слични проблеми се појавуваат доколку нема земја која би била погодна за монтирање на ветерници. Janulus, компанија со седиште во Минесота, работи на развој на преносна ветерница, и само што лансираа нова кампања на Kickstarters за собирање на потребните финансиски средства за четири нови модели, умно дизајнирани за да генерираат обновлива енергија. После само еден ден, со кампањата беа собрани скоро сите потребни средства.
Кампањата на Kickstarter на Janulus, собра $43.000 од потребни те $50.000 за само еден ден. Постојат четири различни модели на ветерници, од 50, 400, 1000 и 2500 вати. Ветерниците имаат од 7,500 до 300,000 mAh Li-ion батерија, во зависност од моделот, истиот тип на батерии кои се користат за електрични коли. Најмалата ветерница тежи 650 грама, овозможувајќи да бидат многу лесно подвижни. Дури и најголемиот модел може да го собери во багажникот од автомобил. Ветерниците, исто така се достапни со различни големини на перки, така што корисникот ќе може да го прилагоди моделот според своите потреби.
За да набавите модел од 50 вати потребно е да се вклучите во croudfunding кампањата со 369 долари (доколку сте доволно брзи да си обезбедите еден од моделите од првата серија). Овој модел може да произведе доволно енергија за полнење на смартфон или некој друг мал уред. Поголемите модели можат се користат за домашни услови или RV приколки. Овие верзии имаат ѕиден штекер, кои овозможува да се користи енергијата од ветерниците во домот.
Преносливите ветерници се очекува да се појават на пазарот во април 2016 година.
Извор: Inhabitat