Покрај лошата дограма, најголемите топлински загуби се јавуваат поради лошите влезни врата. Кај нас влезните врата се најчесто направени од дрво или пак од алуминиумски профили, но тоа се зависи од самата намена на објекти, видови на влезови и слично. Начинот на отворање на вратите може да се комбинира. Класично отворање со кваки или по пат на таканаречени „ракохвати“ – клизни, ротациони, alles retour итн. Влезните врати на станбени згради или влезови со голема фреквенција на влез/излез се опремени со автомати за затворање или пак се вградуваат сензори со механизми за отворање/затворање.
Вратите како специфична конструкција, кога се изработуваат од алуминиумски профили, имаат повеќе предности:
- Вратите се полесни во однос на оние врати кој што се изградени од други материјали
- Односот помеѓу квалитетот и цената во оптимален однос
- Можност на доградба со дизајнирани панели за влезни врати
- Лесни се за одржување, отпорни се на атмосферски влијанија