На заедничка маса седнаа раководството на Окта и министерот за економија Сарачини. Но, не се дискутирало за цените туку за квалитетот на горивата. Сарачини немал мандат да разговара за методологијата по која Регулаторната комисија за енергетика ги креира цените на нафтените деривати.
Акцентот од денешната средба е ставен само на Правилникот за квалитет на горивата. Сарачини укажал дека е потребна поефективна контрола и инспекциски надзор на квалитетот на течните горива, стои во соопштението од економија.
Од таму велат дека преговорите околу методологијата се формира специјален тим кој ќе го води вицепремиерот за економски прашања Пешевски. На денешната средба се гледа како на почетни разговори меѓу двете страни кои допрва треба да се ефектуираат.
Дали ќе прифати Окта промена на методологијата утврдена со купопродажниот договор уште пред 12 години со важност до 2019. Засега само е потенцирано дека и грчката страна е расположена да стартува со преговори.
Бензините во понеделникот поскапеа за 2 денари, а дизелот за половина денар. Тоа повлече за 50% раст на услугите во Железници и кај дел од автобускиот сообраќај. Синдикатите, транспортерите и граѓаните побараа да се намали акцизата и ДДВ – то.
Од Владата информираа дека ја следат состојбата, кога ќе биде потребно ќе преземат мерки. Лани владата на четири месеци ја намали акцизата за 4 денари, а задолжителната резерва за половина денар, со тоа се откажа од 10 милиони евра средства во Буџетот.
Маја Дамјановска
Извор: Канал 5