Соларната енергија полека зема замав во речиси секој аспект на живеењето. Имаме видено соларни возови, соларни авиони па некако логично е да се види и соларен брод. Соларниот брод “Türanor” е брод кој е придвижуван со помош на соларна енергија. Името е инспирирано од Толкиновите „Господар на прстените” а значи „Сончева моќ”.
Овој соларен брод е долг 31 m, а тежи околу 85 тони. На него се инсталирани 38,000 високоефикасни соларни ќелии. Со помош на тие ќелии се полнат литиум-јонските батерии кои се доволно моќни за бродот да може да развие брзина од 7,5 чвора и при тоа да го придвижува бродот цели 72 сати без сонце. Капацитетот на бродот е 40 патници.
Имо Строхер е сопственикот на овој брод и тој заедно со својот екипаж планира да оди на пат околу светот. Планот е да се обиколи светот со соларниот брод, а при тоа да се користи само сончева енергија за придвижување на бродот. За таа цел тие треба да поминат 63,000 км. Планирано е да се плови долж екваторалниот појас на кој се смета дека има најмногу сончева радијација. При тоа експедицијата ќе биде поддржана од тим од метеролози од Франција кои ќе ги советуваат и навигираат да пловат низ подрачјата каде е најсончево. За повеќе информации за експедицијата на следнот сајт.