Српските граѓани за сега ќе бидат мирни. Имено цените на електричната енергија и природниот гас нема да поскапат во јануари. Пред него што ќе дојди до поскапувањето треба да бидат направени социјалните карти како и нов тарифен систем, изјави српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ во интервјуто дадено за РТС (српската радио телевизија).
Министерката Зорана Михајловиќ изјави дека електричната енергија и гасот нема да поскапат во јануари и дека пред поскапувањето ќе бидат направени социјалните карти, кој што ќе ги опфатат загрозените граѓани, како и нов тарифен систем.
Министерката изјави дека надлежното министерство од стоковите резерви обезбеди доволно мазут за сите топлани во Србија, додавајќи дека големите количества на снег претставуваа проблем во дистрибуцијата на мазутот до одредени општини.
„Министерството за енергетика и оваа година, уште пред еден месец обезбеди неопходни количества на мазут за сите топлани кој што го не обезбедија на време“, изјави министерката.
Министерката нагласи дека топланите се во озбилни финансиски проблеми и дека тоа е нешто на што ресорното министерство активно работи, за да не ги имаат истите проблеми наредната година.
„Не треба да се лицитира со процентот на поскапувањето како ни со тоа кога тоа поскапување ќе се случи“, изјави министерката за РТС додавајќи дека надлежните институции се уште не разговараа за поскапувањето.
Она што е сигурно е дека поскапувањето ќе се случи наредната година. До крајот на оваа година поточно до 31 декември треба да се заврши социјалната карта за сите загрозени домаќинства, додека новиот тарифниот систем треба да биде завршен во јануари 2013 година. Како што најави министерката, според новиот тарифен систем, оние кој што трошат најмногу електрична енергија за греење најмногу ќе платат.
„Она по што нашето министерство се разликува од нашите претходници, е дека ние ќе направиме систем за социјалните загрозени семејства како и нов тарифен систем кој што ќе биде пореален од досегашниот“, изјави министерката Михајловиќ.
Министерката понови дека цените на електричната енергија и гасот требаат да бидат повисоки и дека сите направени калкулации тоа го и покажуваат. ЕПС и Србијагас не можат да бидат тие кој што ќе ги трпат трошоците поради ниските цени.
„Се подразбира дека наредната година ќе се случи поскапувањето како на електричната енергија така и на природниот гас, а секое лицитирање со датумот или со процентот на поскапувањето не е реални, ниту ние зборувавме за тоа кога ќе се случи поскапувањето, ниту пак правевме калкулации за тоа кога ќе се случи поскапувањето.“, изјави ресорната министерка.
Таа додаде дека денес прва пат слушна за барањето на ЕПС за поскапувањето на електричната енергија, објаснувајќи дека таквото барање треба првин да дојде до Агенцијата за енергетика која што ќе го даде мислењето, а потоа владата и ресорното министерство го даваат своето мислење.
Министерската смета дека медиумите повеќе пишуваат за процентите отколку за реалната состојба во ЕПС или за тоа што ќе се случи со оние 50% на граѓани кој што не можат да ги платат сметките за електричната енергија, а за кој што ќе бидат изработени социјалните карти до крајот на годината.
Извор: rts.rs