Ако вашите вработени имаат време и знаење, тие можат да ви заштедат парични средства со тоа што тие самите би ја извршиле енергетската контрола. Заштедените парични средства можат да се искористат на моменталните или на некои идни проекти. Но, доколку вашите вработени имаат недостиг од време и знаење, енергетските заштеди нема да бидат реализирани. Дури и да најмите консултант, Вашата компанија е сеуште одговорна за надзор на активностите на консултантот. Со ова се обезбедува сигурност и контрола во потрошувачката на парични средства при енергетската контрола
Предности и недостатоци при најмување на енергетски консултант
Предности:
Консултантот може да:
– ја потврди исплатливоста на проектите
– ги набави последните технички карактеристики и информации
– користи компјутерски генериран алгоритам што ќе ја потврди исплатливоста на проектите
– ги идентификува техничките проблеми пред самата инсталација
Недостатоци:
Најмувањето на консултант не значи помалку работа за вашите вработени, кои сеуште мора да:
– го менаџираат консултантот и да вршат надзор на проектите и енергетската контрола
Видови на енергетски консултанти
Доколку се одлучите да соработувате со некој што ќе Ви помогне околу енергетската контрола, вие ќе треба да изберете помеѓу Енергетски консултант и Енергетско услужни компании. Всушност, Вие може да добиете понуда за соработка и од двата типа на енергетски консултанти.
Енергетските консултанти се специјализирани во евалуација и препорака на проекти со цел подобрување на енергетската ефикасност на објектите. Во тимот на енергетските консултанти има машински и електро инженери кои ја пресметуваат потрошувачката на енергија, енергетската заштеда и цената на проектите. Тие можат да понудат и дополнителни услуги како подготовка на спецификациите на проектот или дизајнот, но тие обично не нудат финансиски и менаџерски услуги.
Главниот интерес на Енергетско услужните компании не е во енергетската контрола на проектот туку во инсталацијата и менаџирањето на енергетските проекти.
Какви типови на енергетски контроли постојат?
Постојат три типови на енергетски контроли: прелиминарни, таргетирани и сеопфатни. Селектирањето на соодветната контрола според Вашите потреби најчесто Ви зачувува време и парични средства. Разликата помеѓу контролите е во деталноста и специфичноста на анализи што се потребни за контролата да биде успешна. Што помалку детали, толку помали предвидени енергетски заштеди.
Прелиминарни контроли
Овие контроли се состојат од основни калкулации со цел одредување на потенцијалите на дадениот проект како и утврдување на потребата за поинаква енергетска контрола. Во зависност од големината (квадратурата) на објектот, овие контроли најчесто се завршуваат за помалку од еден ден.
Прелиминарните контроли можат да бидат извршени и од Вашите вработени со што би се утврдила потребата од најмување на консултант. Во краен случај, овие контроли ја утврдуваат потребата од извршување на подетална анализа, на пример таргетирана или сеопфатна.
Предности:
– го оценува потенцијалот на проектот пред да се потрошат парични средства на детална студија
– најефтин вид на контрола
Недостатоци:
– презентира минимален дел од информациите
Таргетирани контроли
Овој тип на контрола презентира детална анализа на еден или повеќе видови проекти. Анализираните проекти може да се продолжение од типот А (прелиминарни) или може да се директно селектирани зависно од потребата. Најчесто фирми кои што се специјализирани во одредена област ги вршат тие анализи. За климатизирани објекти, енергијата потрошена на осветлување треба да биде од 30 – 50 % од вкупната потрошувачка на електрична енергија.
Предности:
– дава детална анализа на специфичната енергетска технологија
– ги анализира проектите кои Вие ги сакате
Недостатоци:
– не дава никаков енергетски план
– се фокусира на одредена технологија, а не на целокупната инсталација
Сеопфатни
Овој тип на контрола го дава најдеталниот план на енергетска имплементација за објекти, затоа што ги евалуира сите големи енергетски системи, како што се осветлувањето, СТВ (санитарна топла вода), греењето, вентилацијата и климатизацијата. Во некои случаи овој тип на контрола го евалуира и потенцијалот за користење на когенеративни системи.
Овој тип на контрола го нуди најпрецизниот план за заштеда на енергија преку детални калкулации на сите енергетски системи. Најчеста применувана алатка е компјутерски генериран модел кој како влезни фактори ги зема климата, техничките податоци на опремата, работните саати и др. Овој тип на контрола е најскап од сите.
Предности:
– дава детална анализа на сите енергетски трошоци и заштеди на сите технологии во дадениот објект
– дава логичен и непристрасен план за имплементација на проектот
Недостатоци:
– најскап вид на контрола
– доколку се користи во иднина, некои податоци може да се погрешни, со што целата контрола би била губење на време и парични средства.
Како да изберете енергетски консултант?
Зависно од потребата за енергетска анализа, енергетската контрола може да биде селектирана на два начина: директно и преку компетитивно наддавање. Во ова поглавје ќе бидат објаснети разликите како и предностите и недостатоците на двата типа.
Директно
Јавните установи можат да изберат директен начин на енергетска контрола. Најчесто, директниот начин за избор паѓа на долгогодишен соработник кој е добро запознаен со техничката опрема на објектот, како и со претходните енергетски контроли. Во глобала, овој тип на избор на контрола се применува на уникатни проекти.
Предности:
– ги редуцира трансакционите трошоци помеѓу консултантот и клиентот
– започнува со контрола во најкраток временски период
Недостатоци:
– некомпетентност
– нема евалуација на други понуди
Компетитивно наддавање
Во споредба со директниот начин, компетитивното наддавање најчесто резултира со помала цена за истата услуга. Компетитивното наддавање може да се спроведе формално и неформално. Во продолжение ќе бидат објаснети разликите помеѓу двата типа.
Формално компетитивно наддавање: Повик за понуда
Некои организации го користат овој начин за да изберат инженерски консултант. Понудата се праќа до сите заинтересирани консултанти. Подоцна во самиот процес се врши селекција на најдобриот понудувач.
Формално компетитивно наддавање: Повик за квалификација
Во ова наддавање, понудувачите се натпреваруваат помеѓу себе притоа добивајќи поени врз основа на нивната стручност и квалификации. Со понудувачот кој е рангиран на прво место се формализира договорот и се оформува цената. Доколку не може да се постигне разумна цена, преговорите се започнуваат со второ рангираниот.
Неформално наддавање:
Во овој процес мен аџерот ја подготвува целата техничка документација и ја доставува до претходно селектираната група на консултанти. Консултантите ги доставуваат понудите и од доставените понуди се избира најприфатливата
Кои фактори влијаат на цената на енергетската контрола?
Тип на контрола
Генерално, цената расте правопропорционално со големината и деталноста на анализите и калкулациите.
Типот на објектот исто така игра улога во цената на контролата. На пример, здравствените установи се покомплексни од останатите објекти затоа што имаат покомплексни машински системи и контроли кои треба да ги исполнат строгите правила и норми во здравството. Основните школи од друга страна пак, се поедноставни а со тоа и енергетската контрола е поефтина.
Покомплексни
– здравствени установи
– универзитети, факултети и високообразовни установи
– фабрики за прочистување на отпадна вода
Поедноставни
– административни објекти, библиотеки, судници
– полициски и противпожарни станици
Големина на објектот
Најчесто, трошоците за контрола се намалуваат правопропорционално со зголемувањето на големината (квадратурата) на објектот. Резултатот е: поголеми трошоци за објекти со помала квадратура наспроти помали трошоци за објекти со поголема квадратура
Искуство и репутација на консултантската фирма
Најчесто консултантите со работно искуство можат да ја завршат контролата за помала цена. Искусните консултанти можат да ги анализираат и евалуираат проектите за краток временски период со што ќе ја одредат техничката и економската исплатливост на проектите. Трошоците за енергетска контрола варираат зависно од повеќе параметри.
Како да се одредат трошоците за енергетска контрола
Трошоците за енергетска анализа може да се одредат преку меѓусебен договор помеѓу работодавачот и енергетскиот консултант или преку компетитивно наддавање. Во продолжение следува опис на двата начина преку кои може да се одредат трошоците за енергетска контрола.
Меѓусебен договор
Работодавачот може да постигне меѓусебен договор со енергетскиот консултант врз база на претходни искуства или според индивидуалната понуда на консултантот. Доколку не може да се договори прифатлива цена, препорачливо е да се премине со склучување договор со друг консултант. Со овој начин на одредување на трошоци, најчесто договорената цена за изработка на енергетска контрола не е најниска можна што може да се добие/постигне.
Компетитивно наддавање
Како што рековме претходно, овој начин на енергетска анализа најчесто е најефтиниот начин со кој може да се одредат трошоците за енергетска контрола