Сигурно ви се има случено да во текот на разговорот по пат на мобилен телефон, самиот да се исклучи поради празната батерија, е немате можност да го приклучете за да го наполнете.
Благодарејќи на едно петнаесетгодишно момче, оваа состојба повеќе не би требало повеќе да биде проблем.
Филипинскиот тинејџер Ангело Касимири смисли посебен вид на патики која што генерира електрична енергија додека се шетате.
„Просечниот човек дневно направи 7.000 чекори, па се запрашав дали е технички изводливо струјата да поминува низ стапалата. Можеби ќе можам да ја наполнам батеријата на мојот мобилен телефон или светилка со помош на произведената електрчна енергија“, изјави Ангело Касимиро на научниот саем на Гугл. Уредот на Ангело ја наполна батеријата на мобилниот телефон додека играше кошарка.
Извор: Б92