Сите знаеме дека ЕУ дава бесповратни средства, но исто така знаеме дека за да ги добиеме тие средства треба да поминеме низ (за обичните луѓе) голема процедура. Но тоа не ја обесхрабри компанијата која што се занимава со производство на дограма од Хрватска. Имено оваа компанија успеа да ги исполни сите бирократски барања пропишани од страна на ЕУ и на нивната сметка легнаа 105.000 евра!.
Томислава Сарделиќ, кој што го раководи работењето на столарската компанија од местото Лудбрег, ја пријави компанијата на конкурс за зајакнување на конкурентноста во рамките на ИПА програма.
„Условите беа ригорозни, и навистина во поедини моменти беше многу комплицирано да ги исполниме сите услови, но успеавме. Се пријавивме за програмата – „Повеќе природа помалку енергија во производството“. Со програмата сакавме да ја зголемиме енергетската ефикасност на нашата фабрика и да го намалиме отпадот од ПВЦ дограмата.“, изјави Томислава.
На конкурсот се пријави околу 1000 претприемачи, но избрани се 49 кој што ги исполнаа условите за финансирање. Вкупната вредност на проектите, изнесува околу осум милиони евра.
Проектот на „Столарија Крањчец“ вреди 148.000 евра, од што ЕУ учествува со 70% во вкупниот проект, поточно со околу 105.000 евра. Поради фактот што компанијата мора да поднесува редовни месечни и квартални финансиски извештаи, столаријата создаде работна група која што ќе се занимава со потребната документација. Но она што можеби чуди е дека вкупната документација за аплицирање за потребниот грант беше направена од самата компанија.
„Имав помош од мојата другарка од факултет, но всушност ние од компанијата сами го напишавме проектот“, изјави Томислава, една од 13 вработени во ова компанија.
Сопственикот на компанијата, Томо Крањчец, вели дека ја осетија кризата, но да компанијата, нема осетено големи негативни ефекти од истата.
„Работиме за познати клиенти, и цело време имаме континуирана работа. Извезуваме во Шведска, Словенија и Србија а во тек се преговори со Австралија.“, изјави Томо Крањчец, кој што верува дека за хрватските претприемачи доаѓаат подобри времиња.
„Верувам дека влегувањето во ЕУ, ќе донесе повеќе ред на нашиот пазара, особено кога се работи за наплата“, заклучува Томо Крањчец.
Извор: Б92
Извор на сликата: Вечерњи лист