Објавен е конкурсот за запишување студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев„ од Штип, за учебната 2013/2014 година.
Овој факултет кој има свои дисперзирани студии во општина Гевгелија, во новата учебна година ќе отвори и два нови смера, смер за бизнис администрација и смер за обновливи извори на енергија. Така, од оваа учебна година на Факултетот за туризам и бизнис логистика, на смерот туризам ќе може да се запишат 60 редовни и 10 вонредни студенти а на смерот бизнис логистика 30 редовни и 10 вонредни студенти. На новоотворената насока за бизнис администрација се планира запишување на 90 редовни и 20 вонредни студенти, додека на насоката обновливи извори на енергија 50 редовни и 10 вонредни студенти.
Извор: https://gevgelija.gov.mk