Сите знаеме дека фосилните горива (нафта, гас, јаглен) се ограничени горива и дека ги има сè помалку. Поради ова во светот владее голема битка за искористување на обновливите извори на енергија. Едно од најзначајните прашања кои што се поставуваат е: Што ќе правиме кога нафтата ќе ја снема?
Некои песимистички процени нѝ зборуваат дека светските резерви на нафта ќе бидат исцрпени, дека нафтените деривати ќе бидат прескапи за купување. Во развиените делови на светот, полека почнуваат да бараат алтернативи за ова песимистично сценарио. Голем број на научници веруваат дека производството на нафта наскоро ќе ја достигне точката каде што побарувачката за нафта ќе биде поголема од самата понуда, а дека постоечкиот степен на искористените извори на обновлива енергија не се доволни за да го пополнат јазот кои што ќе настане. Во Хјустон (С.А.Д.), градот каде што настана американскиот нафтен бум, на крајот на минатата година се собра светската елита на енергетски стручњаци за да ги анализираат трендовите кои што можат да ја сменат енергетската состојба во наредните децении.
Еден од стручњаците, кој што вели дека нафтата сè уште ќе ја има во доволни количества е канадскиот министер за природни ресурси, Џо Оливер. Според него треба да се подобрат методите за поефикасна екстракција на нафтата. Канада инаку во својата западна провинција Алберта го зголеми производството на нафта од нафтениот песок. Според министерот, новата технологија донесе револуција во експлоатацијата на нафтениот песок и на нафтените шкрилци. Денес Северна Америка претставува најбрзорастечки регион за производство на нафта надвор од рамките на ОПЕК. За наредниот 5 годишен период се планира зголемување за 10% на производството на нафта од овие извори, што претставува вистинска музика за ушите на администрацијата.
Во книгата „Побарувачка, безбедност на енергијата и трансформација на модерниот свет“, авторот Даниел Јергина вели дека промените кои што ќе го погодат енергетскиот сектор ќе имаат големи влијанија на целиот свет. Ќе се смени мапата на снабдувањето со нафта, ќе се сменат очекувањата, а сето тоа значи дека ќе се смени пазарот, а тоа ќе има влијание на геополитиката. Јергин, кој што ја предводи компанијата IHS-CERA, забележа дека поголем дел на технолошките иновации е концертиран кон традиционалниот сектор на искористување на нафта и гас, но и додава дека развој на технологиите на подобро искористување на обновливи извори на енергија и понатаму ќе се зголемуваат во наредните децении.
Со помош на генетика до нови горива
Моментално најактуелна тема е идејата за развој на електрогорива. Се обидува да се создаде ново гориво со помош на микроорганизми кои што се хранат со амонијак, а испуштаат електрицитет низ растворот. Оваа електрична енергија го претвора јаглен диоксидот во исто она гориво кое што го користиме во автомобилите. Тим на стручњаци од Универзитетот на Северна Каролина пронајде начин да ги комбинираат ензимите со микроорганизмите кои што растат на температура од околу 75 степени Целзиусови и кои што го користат водородот во својата исхрана. Овие генетски соеви прво произведуваат алкохол (етанол) и бутанол, а понатаму го произведуваат електрогоривото. Овие микроорганизми не ја користат нафтата, биомасата или сончевата светлина, тие имаат сè што им е потребно во нив.
Ладна фузија
Според најновите научни прогнози, прва комерцијална електрана која што ќе го користи процесот на ладната фузија, нема да биде во функција пред 2050 година. Инаку ладната фузија е еден од најефикасните начини за производство на електрична енергија.
Биогориво
Горивото кое што се добива од биомаса е многу квалитетно, а неговото производство е многу едноставно. Најголемиот проблем со ваквиот вид на гориво не е во неговиот процес на производство, туку со неминовно етички дилеми кои се јавуваат кога во светот постои сè поголем број на луѓе кои што немаат доволно за јадење, додека земјоделските производи се користат за добивање на горива. Моментално најголем извор за добивање на биоетанол е пченка и во С.А.Д. постојат поголем број на постројки кои што ја користат пченката за добивање на гориво.
Ветерна енергија
На поедини делови на земја постојат ветрови кои што имаат константен/пасатен ветер. Места каде што се појавуваат овие ветрови се обично покрај морските гребени. Но, цената на инсталација и транспорт на енергијата претставуваат најголема пречка за искористување на ваквите ветрови. Позитивните страни на ветерната енергија се дека немаат дополнителни трошоци за гориво и дека не ја загадуваат околината. Негативните страни се, како што веќе рековме, високи почетни трошоци на инсталирањето како и променливоста на брзината на ветрот.