Биомаса претставува обновлив извор на енергија. Може директно да се трансформира во енергија по пат на согорување. Со ваков вид на искористување на биомасата се добива како топлинска, така и електрична енергија. Ферментација во алкохол засега претставува најразвиен облик на конверзија на биомасата. Биогас коj се добива по пат на ферментација без присуство на кислород, содржи метан и јаглерод па поради тоа може да се искористи како гориво.
Главната предност на биомасата во однос на фосилните горива е таа што, со користење на биогорива се ослободува помала емисија на штетни гасови и отпадни води. Дополнителни предности на користењето на биомасата вклучуваат отстранување и искористување на отпадот и остатоците од земјоделството, шумарството и дрвната индустрија, намалување на увозот на енергија, земјоделството како и инвестиции во недоволно развиените подрачја.
Се предвидува дека учеството на добивање на енергија од биомаса, до средината на овој век ќе се зголеми и ќе се движи помеѓу 30% и 40%. Шведска во 1998 год. 18% од енергијата ја добивала од биомаса, а Финска 10%. Украина има инсталирани капацитети од 320 MW за користење на биомаса.
Извор: АЛТЕРНАТИВНА ЕНЕРГИЈА