Под мотото „Кажи да за одлична услуга“, од 06 до 10 октомври ЕВН Македонија ја одбележа светската недела на корисничките услуги. Одбележувајќи ја неделата, вработените од сите КЕЦ-ови како и од неколку централни оддели активно учествуваа во неколку дневната забавно едукативна програма. И корисниците беа дел од одбележувањето, па и тие преку награден квиз имаа можност да добијат симболична награда.
За ЕВН Македонија корисниците и квалитетот на услугите кои за нив ги обезбедува, се од највисок приоритет. Затоа да им се оддаде признание на вработени кои се задолжени да ја исполнуваат оваа задача полна со предизвици, но и задоволство е од големо значење.
Втора година по ред ЕВН Македонија ја одбележува неделата на Кориснички Услуги која е интернационален настан посветен на вреднување на услужувањето и оддавење признание на вработените кои секојдневно ги опслужуваат и поддржуваат корисниците.
Во 1992 година Конгресот на САД ја прогласи неделата на кориснички услуги за национален настан, кој се одбележува годишно во текот на првата полна недела на Октомври. Оттогаш, тој прерасна во интернационален настан кој го одбележуваат илјадници компании во повеќе од 40 земји.