EXIT фестивал и американската компанија Continental Wind Partners и оваа година заедно работат на промоцијата на користењето на енергијата на ветерот. Во таа насока на петроварадинската тврдина се поставени препознатливи макети на ветерници, кои што се високи околу 3 метри. Покрај овие макети оваа компанија на фестивалот ќе дели посебни капи со ветерници со едноставна цел да се обрни внимание на енергетскиот потенцијал на ветерот.
Србија е една од ретките држави во Европа (заедно со Македонија) која се уште нема изграден ниту еден ветерен парк. Поради ова американскиот инвеститор е заинтересиран да инвестира во изградба на првиот ветерен парк во Србија, кој што нема да ја загрози животната средина.
„EXIT е многу битна манифестација, која што собира голем број на посетители од голем број на други држави и кој што промовира вредности кои што и ние како компанија ги застапуваме – пред се заштита на животната средина. Војводина има голем потенцијал за искористување на ветерната енергија. Изградбата на планираните ветерни паркови ќе ја подобри енергетската стабилност на државата, но и од друга страна ќе овозможи отворање на нови работни места.„ Изјави Марк Крендал, претседателот на Continental Wind Partners.
Компанијата вели дека сакаат да инвестираат во Србија околу 450 милиони евра за изградба на ветерен парк со инсталирана сила од 300 MW, кои што ќе ги задоволи потребите на околу 30,000 домаќинства.
Continental Wind Partners (CWP) е присутен во Србија од 2009 година и планираната инвестиција ќе биди лоцирана во близина на местото Ковин, со можност паркот да се прошири и во близина на Панчево. Инаку оваа компанија е присутна во повеќе европски држави, а можат са се пофалат со најголем изграден ветерен парк во Европа – 600 МW во Романија.