Граѓанската иницијатива „Аман“ која се противи на поскапувањата на струјата, парното и горивата, денеска најави нов протест во Битола, кој што ќе се одржи во вторник со почеток од 18h пред фонтаната кај музејот. Барањата на „Аман„ до Регулаторната комисија се:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.