Здружението за хумано домување ,,Хабитат Македонија,, во рамките на проектот на УСАИД за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Прилеп нуди 3-годишни заеми на жителите на колективни згради постари од 10 години.
Според заменик директорката Лилјана Алчева придобивките на граѓаните од обновата на фасадите на зградите и промената на вратите и прозорците се докажала преку претходни истражувања и таа повеќе од сигурно е исплатлива во поглед на намалување на трошоците на граѓаните, кои од Хабитат ќе добиваат и логистика и техничка помош во енергетските мерења:
-За еден просечен стан од 60 м3 промената на балконските врати и прозорците изнесува околу 1.500 евра на 36 месечни рати што значи дека месечната рата би била отприлика околу 2.000 денари. Тоа нуди заштеда на топлинска енергија во домот, а заштедата на сметките за греење, дали станува збор за дрва или електрична енергија, е до 30%.
Градоначалникот Марјан Ристески ги повика претставниците на советите на станари од постарите згради да се интересираат за искористување на ваквиот заем затоа што бенефитот е повеќекратен:
-Општината влегува во овој проект со 2,5 милиони денари за субвенционирање, тоа е некаде околу 40.000 евра. Ке с еправи реконструкција на стари згради киуи се изградени претежно во 60-ттите и 70-ттите години. На сите семејства кои живеат во самите згради ке му ги намалат трошоците за загревање и климатизирање а со обнова на фасадите на зградите градот Прилеп ке добие нов и поурбан лик.
Со примена на овој проект за подобрување на енергетската ефикасност преку изолација на фасадите, покривите на зградите и замена на вратите и прозорците, а се спроведува во 8 општини по пат на јавно приватно партнерство со општините, им се помага на домаќинствата да го подобрат сопствениот животен стандард.
Извор: Канал 77