Тим на научници создадоа вештачки лисја на база на вода кои можат сончевата светлина да ја претворат во електрична енергија, обезбедувајќи поевтина и еколошки поприфатлива алтернатива на сегашните соларни уреди.
Предводен од Орилин Велев, професор по хемиско и биомолекуларно инженерство на Државниот универзитет на Северна Каролина, тимот ги имитираше биолошките компоненти на растенијата за да ги развијат вештачките лисја.
Лисјата се направени од гел заснован на вода, збогатен со фотоосетливи молекули кои се стимулираат при изложување на светлина, при што произведуваат електрицитет. Овој процес е сличен на процесот при кој растенијата синтетизираат шеќери за да растат.
Истражувачите експериментираа со растителен хлорофил во гелот – клучна компонента при природната фотосинтеза, поврзани со електроди обложени со полупроводнички јаглеродни материјали, како јаглеродни наноцевки или графит, со цел да произведат енергија.
Моментално, уредите се сѐ уште со релативно ниска ефикасност, но тимот работи на усовршување на фотоволтаиците на база на вода за да ја направи технологијата економски поисплатлива за комерцијална употреба.
-Нареден чекор е да се имитира самообновувачкиот механизам што го има кај растенијата. Друг предизвик е да се променат гелот и фотоосетливите молекули за да се подобри ефикасноста на соларните ќелии – истакнува проф. Велев.
Тој и неговите колеги се уверени дека концептот на биолошки инспирирани уреди во иднина може да биде одржлива алтернатива на сегашните технологии. Тие замислуваат покриви покриени со вештачки „лисја“ што би било пофлексибилно, помалку гломазно и еколошки поприфатливо од нивните силициумски „братучеди“.
Преземено од EcoSeed